Вести Свет

Москва повторно надлетана од украински беспилотни летала

Две беспилотни летала, за кои се верува дека се украински, повторно се добличија до главниот град на Русија, но руското Министерство за одбрана соопшти дека и двата дрона се соборени и обвини дека станува збор за терористички чин чија цел е терористички напад со жртви и уништување.

„Ноќта, обидот на режимот во Киев да изврши терористички напад со беспилотни летала беше спречен над московскиот регион“, се вели во соопштението на Министерството.

Двете летала се уништени од воздушната одбрана. Според информациите на надлежните едно од нив било соборено јужно од главниот град, додека другото било уништено над автопатот М1, кој минува од Москва до границата со Белорусија.

Во неделата беше соборен уште еден беспилотен авион додека се обидувал да ја нападне Москва. Обидот за напад не предизвика човечки жртви или материјална штета на теренот.

Украинските беспилотни летала стигнаа до руската престолнина на 30 јули и повторно на 1 август, и двата пати го погодија финансискиот кварт на градот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

СДСМ објави листа на 19 кандидати за градоначалници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе