Вести Свет Топ вести

Престрелка во бар во Приштина – Едно лице е мртво, а над 20 се повредени

Полицијата во Приштина идентификуваше две лица кои доцна синоќа во бар отвориле оган од огнено оружје при што едно лице е мртво а над 20 се повредени.

Убиениот бил на 39 годишна возраст.

Според информациите од истрагата на престрелката и претходела жестока расправија помеѓу неколкумина мажи по што било употребено и огнено оружје.

Меѓу повредените четири лица се здобиле со прострелни рани и се хоспитализирани, останатите меѓу кои голем број жени се здобиле со повреди од искршено стакло.

Полицијата информира дека еден од осомничените и натаму е во бегство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сашко Мицевски нов в.д. директор на Агенцијата за филм

Дејан Дејан

Ако Хезболах нападне, ќе го нема повеќе – порака од израелскиот министер за одбрана до либанската група

Дејан Дејан

Жена загина и тројца се повредени во сообраќајна несреќа во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе