Вести Свет

Москва тврди дека спречила украински напад со дронови врз пристаниште на Крим

Руското Министерство за одбрана соопшти дека успешно се уништени два брода без екипаж со кои вооружените сили на Украина се обиделе да ја нападнат поморската база во Новоросијск.

Гувернерот на Краснодарската област Венјамин Кондратиев изјави дека нема жртви или материјална штета.

Претходно, итната служба на Новоросијск посочи дека добиле информации за експлозии во водите на Новоросијск и селото Мишако.

Каспискиот нафтоводен конзорциум соопшти дека продолжува нормално да испорачува нафта на терминалот во близина на Новоросијск и дека нема оштетувања на инфраструктурата. како што посочуваат, движењето на пловните објекти во пристаништето Новоросијск е привремено забрането. Новоросијск е едно од најголемите пристаништа на Црното Море.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетањаху: Падот на иранското раководство не е цел, но може да биде резултат

Дејан Дејан

„Фордо“ во Иран е 90 метри под планина, масивните бомби на САД продираат до 60 метри во подземни мети – стручњаци сметаат дека напад на локацијата во Иран би можел да биде фијаско

Дејан Дејан

Стотици Израелци преноќуваат во подземни железници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе