Вести Свет

Бунтовниците тврдат дека го собориле претседателот на Нигер

Бунтовниците во Нигер, кои се дел од армијата на земјата, тврдат дека го собориле демократски избраниот претседател, а ваквата информација ја објавија на државната телевизија доцна синоќа тврдејќи дека ставиле крај на владата поради влошената безбедност на африканската земја.

Војниците рекоа дека сите институции се суспендирани, а безбедносните сили управуваат со ситуацијата. Тие ги повикаа надворешните партнери да не се мешаат.

Соопштението дојде по еден ден на неизвесност кога членовите на претседателската гарда на Нигер ја опколија претседателската палата и го приведоа претседателот Мохамед Базум. Не е јасно каде се наоѓа тој во моментов или дали поднел оставка.

Ова е резултат на континуираното влошување на безбедносната состојба и лошото економско и социјално владеење, порача во обраќањето полковникот мајор Амаду Абдрамане.

Седнат на маса пред девет други офицери, тој рече воздушните и копнените граници се затворени и воведен е полициски час до стабилизирање на ситуацијата.

Групата, која себеси се нарекува Национален совет за заштита на земјата, рече дека останува посветена на своите ангажмани со меѓународната и националната заедница.

Комисиите на Африканската унија и Економската заедница на западноафриканските држави ги опишаа настаните како обид да се собори Базум, кој беше избран за претседател пред две години во првиот мирен, демократски трансфер на власта на нацијата од нејзината независност од Франција во 1960 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битиќи, Тренчевска и Костадинов поднесоа оставки по убедливиот изборен пораз на СДСМ

Дејан Дејан

Како СДСМ за првпат станува трета политичка сила во македонскиот парламент, распоред на силите во новиот парламентарен состав

Дејан Дејан

Западните сили ризикуваат глобален судир, никому нема да дозволиме да ни се заканува – Путин на 79-годишнината од победата над фашизмот   

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе