Вести Свет

Најмалку 11 загинати во Кина откако врз нив се урна покрив на спортска сала

Најмалку 11 лица загинаа во Кина, најголем дел од нив деца, откако врз нив се урна покрив на спортска сала. Според Би Би Си во моментот на несреќата во објектот имало 19 лица.

Инцидентот се случил во неделата во градот Чикиха, а утринава од урнатините е извлечена последната жртва

Несречата се случила во неделата во 15 часот по локално време во гимназија во североистокот од земјата.

Во моментот на несреќата, салата ја користел тим на млади одбојкарки.

Во спасувачката акција учествувале речиси 160 пожарникари и 39 противпожарни возила.

Прелиминарната истрага покажала дека најверојатната причина за несреќата е тоа што за изградбата на покривот на салата бил користен перлит – материјал кој е облик на вулканско стакло, а при обилните дождови материјалот насобрал вода и предизвикал уривање на покривот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе