Вести Свет

Маск ќе го менува логото на Твитер

Сопственикот на Твитер, милијардерот Илон Маск, изјави дека неговата социјална мрежа наскоро ќе го промени своето лого, пренесоа светските агенции.

Во нов твит на неговиот официјален профил, Маск порача дека Твитер постепено ќе се збогува со сите птици. Сегашното лого на мрежата е во форма на птица и е многу препознатливо.

Маск презентираше и нацрт на новото лого, буквата X на црна заднина, но не даде дополнителни детали за ова прашање.

Последната неволја за Твитер датира од минатиот вторник, кога беше поднесена тужба против компанијата која соопшти дека им должи најмалку 500 милиони долари на поранешни вработени за отпремнина.

Откако Маск го купи Твитер, тој избрка од работа повеќе од половина од персоналот, за да ги намали трошоците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе