Украина почнува да користи касетна муниција на југоистокот на земјата што ја доби од Соединетите Американски Држави, објавија новинари на „Вашингтон пост“ според информациите кои ги добиле од доверливи извори.
Американскиот претседател Џо Бајден на почетокот на овој месец одобри испраќање на касетна муниција во Украина по едногласната препорака на неговиот тим за национална безбедност.
Касетната муниција, која за првпат беше употребена за време на Втората светска војна, обично ослободува голем број на мали бомби и позната е убивањето на цивили.
Касетната муниција е забранета со Конвенција за касетна муниција од 2008 година која не е потпишана од САД, од Русија и од Украина.
Касетната муниција е испорачана за Киев во рамки на новиот пакет на воена помош на САД во вредност од 800 милиони долари и која вклучува 155 милиони артилериски куршуми, како и подобрена конвенционална муниција за двонасочна намена и артилериска муниција со калибар од 105 милиметри.