Вести Свет Топ вести

(ФОТО) Запалена амбасадата на Шведска во Багдад како одговор на најавите за палење на копија од куранот

Стотици демонстранти кои протестираа против палењето на Куранот, рано утринава упаднаа во амбасадата на Шведска во центарот на Багдад, предизвикувајќо пожар во објектот.

Луѓе почнаа да се собираат околу шведската амбасада околу еден часот по полноќ синоќа, извикувајќи слогани за поддршка на шиитскиот свештеник Муктада ал Садр.

Сите вработени во амбасадата се добро, се вели во соопштението на шведското Министерство за надворешни работи, кое го осудува нападот и ја нагласува потребата ирачките власти да ги заштитат странските дипломатски претставништва.

Демонстрациите беа организирани на покана на приврзаниците на шиитскиот свештеник Муктада ал Садр во знак на протест против второто планирано палење на Куранот во Шведска за неколку недели.

Некои демонстранти, очигледно оставени сами од полицијата, сè уште стоеја на местото, држејќи плакати на кои се гледа ликот на влијателниот ирачки шиитски свештеник и политички лидер Муктада ал-Садр.

Ел Садр е една од најмоќните фигури во Ирак, која командува со стотици илјадници следбеници.

Минатото лето тие ја окупираа силно утврдената Зелена зона во Багдад и учествуваа во судири, во кои имаше и жртви.

Ирачката влада остро го осуди палењето на шведската амбасада во Багдад, а безбедносните сили добија наредба брзо да истражат и да ги казнат одговорните.

Шведската новинска агенција ТТ објави дека шведската полиција одобрила барање за демонстрации пред ирачката амбасада во Стокхолм во четвртокот.

Во информацијата се вели дека во апликацијата пишувало дека двајца демонстранти планирале да запалат Куран и знаме на Ирак.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Угостителски услуги во дивоградби, елаборатите не соодветствуваат со реалната слика – в.д. градоначалникот на Кочани поднесе кривична за узурпација и бесправна градба во ТЦ Кочани

Дејан Дејан

Завршни зборови на судењето за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Данска бара Македонија да помогне и да направи исчекор кон ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе