Грција се уште се бори со шумските пожари, кои беснеат во околината на Атина. Најкртично е во близина на грчкиот град Мандра каде во деноноќна битка за зачувување на шумите, индустриските капацитети и живеалиштата на населението, евакуацијата на загрозените продолжува по автопатот што ја поврзува Атина со Коринт.
Пожарите изгореа голем дел од викендиците и фармите, а ветерот доплнително ги разгорува пламените јазици додека температурите на воздухот се приближија до 40 степени Целзиусови.
До крајот на неделата температурите во јужна Грција се очекува да достигнат 44 степени Целзиусови, поради вториот топлотен бран што ќе го погоди југот на Медитеранот.
Ситуацијата на терен е тешка, велат пожарникарите, а портпаролот на грчката противпожарна служба рече дека земјата напомош ги чека противпожарните екипи од Романија, Словачка и Полска кои би требало да допатуваат пред крајот на неделата.
Распоредувањето на тимовите следи по барањето на грчките власти до Механизмот за цивилна заштита на Европската унија.
Изјава – Јоанис Артопоиос, портпарол на грчката противпожарна служба