Вести Свет Топ вести

(Видео) Фатен како седи, лежи и се сонча на плажа – Бајден кулира пред европската турнеја и Самитот на НАТО во Вилнус

Американскиот претседател Џо Бајден мина извесно време, лежејќи се и сончајќи се на плажата Рехобот во Делавер во саботата со првата дама Џил Бајден и другите членови на неговото семејство пред неговото патување во Европа.

Бајден денеска заминува кон Европа, каде ќе оствари посети на три земји. Првата негова станица е Лондон, каде во понеделник ќе се сретне со кралот Чарлс Трети за првпат откако е крунисан.

Следен е централниот дел на патувањето, самитот на НАТО во Вилнус, Литванија. Лидерите на Алијансата ќе дебатираат за војната и ќе ги ревидираат плановите за справување со руската агресија.

Последната станица во агендата на Бајден ќе биде Хелсинки, каде со неговите домаќини се очекува да го прослави проширувањето на Алијансата, со Финска како најнова членка на НАТО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Удрил девојче по глава, го влечел по улица, се заканувал со секира и тесла на полицајци – предложен притвор за 23-годишен велешанец

Дејан Дејан

Ќе успееме ли овој пат енергетски да се поврземе со Албанија?

Дејан Дејан

Може да завршиш како Садам Хусеин – израелскиот министер за одбрана со порака до Хамнеи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе