Вести Свет

Ќе се испушта водата со која се ладеа уништените реактори на Фукушима – МААЕ тврди не е радиоактивна

Јапонија доби дозвола од Меѓународната агенција за атомска енергија, наредната недела да започне испуштањето на деконтаминирана, но сепак донекаде радиоактивна вода од уништената нуклеарна централа „Фукушима 1“, во водите на Тихиот Океан. Од МААЕ оценуваат дека радиоактивниот цезиум кој се наоѓал во водата со која се ладеа уништените реактори на нуклеарната централа веќе е отсранет. Сепак, содржи одреден радиоактивен елемент како тритиум, но и тој  ги исполнува меѓународните безбедносни стандарди.

Испуштањето на големи количества пречистена вода, што се користеше во изминатите 12 години за ладење во електраната што беше погодена од цунамито во март 2011 година, ќе се врши преку подводен тунел долг околу еден километар и ќе траат во следните 30 години.

Сепак, најмногу против пуштањето на таа вода се рибарите и капацитетите за преработка и пакување на морска храна од префектурата Фукушима кои, веруваат дека нивниот улов и производи ќе ги избегнат потрошувачите во Јапонија, а некои земји во светот можат да го забранат увозот. На иста страна со локалните рибари се и соседна Кина и Јужна Кореа, но претседателот на Меѓународната Агенција  за атомска енергија уверува дека ќе се следи секоја испуштена капка од радиоактивната вода.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе