Вести Свет

Курти прифаќа нови избори на северот на Косово, но без закани и повторен бојкот

Косовскиот премиер Аљбин Курти му порача на пратеникот на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак дека казнените мерки на ЕУ против Косово се неправедни и дека поради нив дијалогот е асиметричен.

Тој констатираше дека одржувањето вонредни избори во четирите општини со српско мнозинство на северот е единствениот начин да се смени локалната власт.

Курти се сложува со барањето на меѓународната заедница да се одржат нови избори, но истакна дека прво мора да се обезбеди фер и слободна кампања „без закани и повторен бојкот со слаб одзив“.

Србите последните избори на северот на Косово ги бојкотираа и не ги признаваат резултатите, односно новите градоначалници од албанската заедница.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, разговарал за начините за смирување на тензиите на северот на Косово и за спроведувањето на претходно постигнатите договори.

Вучиќ на својот Инстаграм со фотографии од средбата во Белград напиша дека го предупредил Лајчак дека Србите во Косово и Метохија „се изложени на најлошата тортура и прогон во последните 15 години“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Техеран треба веднаш да се евакуира – Трамп со порака на платформата „Вистина“

Дејан Дејан

Радев: Бугарија никогаш не ставила вето на евроинтеграцијата на Македонија, ниту ќе стави

Дејан Дејан

Најмалку 14 загинати и 44 повредени – Киев ноќеска беше мета на руски воздушни удари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе