Вести Свет

Џинпинг и Блинкен разговараа 35 минути во Пекинг – подготвени за „напредок“ во односите, но остануваат на тврдите позиции

Тајван е во сржта на суштинските интереси на Пекинг и тоа прашање е најизразен ризик за односите со Соединетите Американски Држави, му беше порачано на Ентони Блинкен за време на посетата на Кина. Државниот секретар на САД, пак, ги оцени разговорите искрени, содржајни и конструктивни. Тој притоа ја нагласи важноста на дипломатијата и одржувањето на отворени канали за комуникација. И двете страни, по денешниот состанок на американскиот државен секретар и кинескиот претседател, се согласија дека е постигнат напредок за ублажување на тензиите меѓу двете земји.

За време на состаноците на Блинкен со неговите кинески домаќини, двете страни изразија подготвеност, но не и да ги ублажат своите тврди позиции за кои не се согласни – од трговија, преку Тајван, преку условите за човековите права во Кина и во Хонг Конг, до кинеската воена асертивност во Јужното кинеско море и војната во Украина. Кинеската страна ги повика САД да престанат да шпекулираат за заканите од Пекинг, да престанат да го „гушат“ кинескиот научен и технолошки развој и да воздржат од мешање во нејзините внатрешни работи.

Џинпинг нагласи оти е постигнат напредок и договори за „некои конкретни прашања“, без детално објаснување на што точно се однесуваат. Блинкен е прв американски државен секретар кој се сретна со кинескиот лидер од 2018 година. Нивната средба во Големата сала на народот во Пекинг траеше 35 минути, се одржа во последен момент и според медиумите претставува посебен гест и сигнал дека Кина има намера да ги намали тензиите кои многу нараснаа меѓу двете спротивставени страни.

Посетата на Блинкен на Пекинг требаше да се реализира во февруари, но беше одложена, откако, наводно, кинески шпионски балон го прелета воздушниот простор на САД.

Сашко Димовски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу: Кочани ни е во фокусот, ќе имаме средби и со директорката на Општата болница и со повредените лица

Дејан Дејан

Илјада жители од радовишките села Бучим и Тополница без вода за пиење

Дејан Дејан

АЛИУ: Чекалните во Онкологија се под секое достоинство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе