Вести Свет

Столтенберг: Украина трпи големи загуби, НАТО е подготвен да го прифати Киев на рамноправна основа

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг потврди дека Украина има големи загуби во контраофанзивата на југоистокот од земјата и порача дека НАТО е подготвен да даде јасен сигнал да ја прифати Украина во Алијансата.

Столтенберг истакнува и дека загубите на Киев се очекувани.

Тој нагласи дека на следниот самит на Алијансата што ќе се одржи следниот месец во Вилнус ќе биде испратен јасен сигнал за подготвеност за вклучување на Украина по завршувањето на непријателствата во земјата.

Таму, членките на алијансата ќе разговараат за создавање на Советот НАТО-Украина, каде што Киев ќе може подеднакво да учествува во одлучувањето.

Во овој формат во дискусијата може да учествуваат 32 земји – 31 членка на алијансата и Украина како рамноправен учесник, изјави генералниот секретар на НАТО.

На 15 јуни министрите за одбрана на НАТО ќе разговараат за долгорочната програма за воена помош на Киев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе