Вести Свет

Се преврте брод со мигранти, најмалку 79 загинати

Најмалку 79 лица загинаа, а десетици се водат за исчезнати кога денеска се преврте и потона рибарски брод со мигранти во близина на брегот на Грција, соопштија властите.

Крајбрежната стража, морнарицата и трговските бродови се вклучени во голема операција за пребарување и спасување, со помош на авиони и хеликоптери.

Властите соопштија дека досега биле спасени 104 лица откако бродот потонал во текот на ноќта во меѓународни води на околу 75 километри југозападно од јужниот грчки полуостров Пелопонез.

Ова место се наоѓа во близина на една од најдлабоките области на Средоземното Море.

Не е јасно колку други патници се во водата или заробени во потонатиот брод, но првичните извештаи сугерираат дека можеби имало стотици луѓе на бродот.

Тоа е најсмртоносниот бродолом во Грција оваа година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе