Вести Свет Топ вести

Продолжуваат протестите на Србите на Косово, околу општините распоредени и припадници на КФОР

Србите на северот од Косово петти ден ги продолжуваат протестите против, како што велат, насилното превземање на општинските згради во мнозинските српски општини од страна на косовските специјалци. Демонстранти од утрото повторно се собраа пред општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, кои од вчера се оградени со бодликава жица и обезбедувани од припадници на КФОР. Претставниците на косовските Срби го поздравија распоредувањето на КФОР откако вчера истото го побарале на состанок со командантот на силите.

Гледаме дека денеска го исполнија своето ветување, ги распоредија своите сили овде во околните улички на центарот, за да спречат влегување на специјалните единици на полицијата и да не дојде до инциденти, изјави лидерот на Српска Листа, Горан Ракиќ.

По судирите меѓу српските демонстранти и припадниците на КФОР во Звечан, Србите изразија жалење, инсиситрајќи дека во КФОР ја гледаат единствената заштита од теророт на косовските специјалци.

Мене ми е жал, и на секој граѓанин му е жал што тоа воопшто се случи со КФОР, но мораме да ја најдеме причината. А причината е г-динот Албин Курти, кој и пшокрај сите предурпедувања од Квинтата, да не прави вакви работи, им плукна во лице на целата Квинта, на целата меѓународна заедница, дециден беше Александар Арсенијевиќ, лидер на граѓанската иницијатива „Српски опстанок“.

Во судирот меѓу демонстрантите и КФОР пред општинската зграда во Звечан во понеделникот беа повредени 30 припадници на мисијата и 53 демонстранти. Зборувајќи за ситуацијата во Косово и судирот, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, чија и е мисијата на КФОР во Косово, рече дека насилството е непредизвикано и неприфатливо.

Насилството против мировниците на НАТО, силите на КФОР, е тотално неприфатливо, неиспровоцираното насилство против мировниците од НАТО со јасен мандат од ООБ. И секако, НАТО ќе ја следи ситуацијата, порача столтенберг.

Во меѓувреме, косовските медиуми пренесоа повик на социјалните медиуми за организирање протест на Албанците во Јужна Митровица, и марш на север. ТОа ја натера полицијата да објави соопштение во кое им препорача на граѓанјите да ги игнорираат таквите повици, и да безбедноста на сите граѓшани на Косово да ја остават на полицијата.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе