Вести Свет Топ вести

Грчкиот Парламент го реизбра претседателот, а попладнево ќе се распушти

Со широко мнозинство, со 270 гласа „за“ и 26 воздржани, пратеникот од Нова демократија, Константинос Тасулас одново доби доверба од пратениците и беше реизбран за претседател на грчкиот Парламентот. Во текот на денот се очекува Парламентот да се распушти во пресрет на изборите на 25 јуни.

За Тасулас гласаа сите партии, со исклучок на Комунистичката која беше воздржана. По изборот на претседател на Парламентот, пратениците гласаа и за заменици и секретари.

Се очекува во текот на денот да биде издаден претседателски Декрет за распуштање на Парламентот и распишување избори на 25 јуни, со што и официјално ќе започне новиот предизборен период во Грција.

Новите 300 пратеници избрани на изборите на 21 мај вчера положија свечена заклетва, а ќе имаат еден од најкусите пратенички мандати.

Мнозинството пратеници положија религиозна заклетва, дел одбраа граѓанска, а четворица пратеници положија заклетва пред Куранот.

Новиот парламентарен состав го сочинуваат пратеници од пет партии кои на изборите го преминаа прагот од три отсто за влез во Парламентот.

Нова демократија има 146 пратеници, СИРИЗА 71, ПАСОК- Движење на промена 41, Комунистичката партија 26, а Грчко решение има 16 пратеници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Гувернерот Њусом ништо не презеде за да го запре насилството во Лос Анџелес, обвинува Белата куќа

Дејан Дејан

Гувернерот на Калифорнија ќе ја тужи администрацијата на Трамп поради испраќање на Националната града во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе