Вести Свет

Пригожин се предомисли, Вагнер сепак ќе остане во Бахмут, откако Москва се согласи да испрати муниција

Три дена откако се закани дека ќе ги повлече неговите војници од Бахмут, сопственикот на приватната воена компанија Вагнер, Евгениј Пригожин, денеска соопшти дека Москва се согласила да ја зголеми испораката на залихи и муниција за неговите борци.

Претходно, Пригожин објави видео на кое стои во поле полно со тела на загинати војници на Вагнер, и со жесток тон и бројни пцовки ги прозва министерот за одбрана Сергеј Шојгу и шефот на Генералштабот на руската армија Валери Герасимов зошто не испорачуваат муниција за Вагнер.

Ова не е прв пат сопственикот на Вагнер да упатува закани а подоцна да не ги исполни. Претходно денеска тој и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се согласија да ги заменат борците на Вагнер во Бахмут со чеченскиот батаљон Ахмат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе успееме ли овој пат енергетски да се поврземе со Албанија?

Дејан Дејан

Може да завршиш како Садам Хусеин – израелскиот министер за одрбана со порака до Хамнеи

Дејан Дејан

Мојсоска: Собранието ќе мора да ги обелодени патните трошоци на пратениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе