Вести Свет

27 загинати во пожар во рудник за злато во Перу

Во пожар кој избувна во рудник за злато во Перу загинаа 27 рудари, соопштија властите денеска, додека полицијата работи на извлекување на телата.

Сепак, се стравува дека бројот на жртвите не е конечен бидејќи немало начин да се комуницира од рудникот.

Според инфомрациите кои ги споделија локалните власти пожарот најверојатно избувнал по краток електричен спој во рудникот. Со рудникот стопанисува мала компанија.

Перу е најголемиот производител на злато во Јужна Америка, а рударството е клучна индустрија за земјата. Секоја година се случуваат десетици смртоносни несреќи, главно во мали рудници каде безбедносните стандарди не се на високо ниво.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мојсоска: Собранието ќе мора да ги обелодени патните трошоци на пратениците

Дејан Дејан

Наскоро решение за растот на цените на прехранбените производи – Мицкоски со најава од Битола

Дејан Дејан

„Бехтел&Енка“ досега наплатила над 300 милиони евра од државата, во април над 1,1 милијарда денари – извештај на ЈПДП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе