Вести Свет Топ вести

Српската полиција објави фотографија од уапсениот Урош кој уби осум луѓе, а рани 14 – со рачна бомба киднапирал таксист и бегал цела ноќ

Српската полиција објави фотографија од уапсениот Урош Б. кој уби осум луѓе, а рани 14.

Припадниците на МВР по опсежна потрага го уапсија У. Б. (2002) во населба Грошница, во околината на Крагуевац. Осомничен е дека синоќа со Калашников уби осум лица и рани 14.

Утврдено е дека тој вчера побегнал од местото на настанот кон Вињиште и во текот на ноќта успеал да киднапира таксист и автомобил, а тој таксист го возел од Крагуевац до Вињиште.

Тој со рачна бомба што ја имал во рацете ги киднапирал таксито и таксистот и со тоа го ставил во сериозна опасност животот на таксистот.

Полицијата продолжува со работа на расветлување на сите факти и околности за овој настан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Состанокот на Г7 заврши без постигнати договори за клучни прашања

Дејан Дејан

Mицкоски: Нашата држава е една од најбрзорастечките економии во Европа

Дејан Дејан

Влада усвои нова стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе