По вчерашниот масакр во основното училиште во Врачар, српската влада на денешната седница предложи низа мерки, меѓу кои да се воведе мораториум за издавање дозволи за поседување и носење кратко огнено оружје во наредните две години. Проверка на сите издадени дозволи за оружје.
Во рок од шест месеци, да се заврши контролата за тоа како лицата со дозволи го чуваат оружјето, со цел да се спречи пристап на малолетни и други неовластени лица. На стрелиштата во Србија ќе се забрани пристап на малолетници. Кривично да одговараат лицата кои овозможуваат малолетници да набават огнено оружје и да ги обучуваат.
Се наложува министерството за правда да ја разгледа можноста за измена на Кривичниот законик со цел намалување на старосната граница за кривична одговорност на малолетниците од 14 на 12 години.
Надлежните институции да подготват прописи со кои ќе се овозможи воведување на задолжителни тестови за наркотици во средните и основните училишта за учениците од седмо и осмо одделение. Ќе се формира Совет за спречување на врсничко насилство, а треба да се разгледа и можноста да се спречат мобилните телефони во училиштата. Ќе се формира и работна група за безбедност на децата на интернет, која ќе го разгледа забрана на пристап до веб-страниците кои содржат совети како да се изврши убиство, да се набави дрога или огнено оружје.