Вести Свет Топ вести

Момче од Босна со закана: Долго време подготвувам масакр во Бихаќ, ќе биде незаборавен, ви се колнам во живот

Ајдин Зулиќ, поранешен ученик во мешовитата гимназија во Бихаќ, се закани дека се подготвува да направи крвав пир, како што беше вчерашниот во Белград, и да убие ученици и вработени во средното Економско училиште во градот. Тој ја сподели намерата преку социјалните мрежи и предизвика паника во Бихаќ.

„Она момче кое уби осум деца е крал за мене. И јас подготвувам такво нешто веќе подолго време за економското училиште во Бихаќ. Ќе биде незаборавен масакр во Бихаќ, ви се колнам во живот. Кога знаевте сите да ме осудувате и избегнувате, поради тоа ќе биде и терор“, напиша Зулиќ чија објава се споделува на социјалните мрежи.

Од Мешовитото училиште во Бихаќ соопштија оти нема потреба за паника и дека надлежните органи навреме реагирале.

Коста Кецмановиќ, кој за еден месец ќе наполни 14 години, вчера во Белград во крвав пир во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби осум деца и вработен како обебзбедување во објектот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ пресмета поскап живот, Владата анализира дали треба мерки

Дејан Дејан

Ново сообраќајно решение во Дебар маало?

Дејан Дејан

Ердоган: Одбраната на Иран од „лудите“ напади на Израел е природна, законска и легитимна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе