Вести Свет

Подољак: Москва се обидува да испровоцира предвремена украинска контраофанзива

Според Владата во Киев, Москва ја променила тактиката во војната со Украина, која трае веќе 15-ти месец и почнала намерно да изведува ракетни напади врз станбени области.

Нема сомнеж дека тие вршат директни напади врз станбени згради или места со многу куќи, кои припаѓаат на цивилното население, изјави советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подолљак.

Тој додаде дека една од целите на промената на тактиката е да се предизвика брза контраофанзива.

Најновите ракетни напади имале за цел да тестираат дали Украина може да го одбрани сопствениот воздушен простор, посочи Подољак.

За време на зимските месеци Русија ги фокусираше своите напади првенствено на енергетската инфраструктура на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Турција: Зголемена безбедноста по должината на границата со Иран

Дејан Дејан

Милион евра по минута за Самитот на НАТО во Хаг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе