Вести Свет Топ вести

Руски ракетни напади во Украина – Киев на удар по 51 ден, најмалку 12 жртви меѓу кои и тригодишно дете

Жители на Киев по 51 ден повторно се разбудија со сирени за ракетни напади. Официјални претставници соопштија дека украинската противвоздушна одбрана соборила 21 од 23 ракети и два јуришни дрона, но засега нема информации за цивилни жртви во главниот град.

Експлозии одекнаа и во Кременчук, Полтава, во централна Украина, и во Миколаев на југот. На удари беа и Днипро и Уман, каде е погодена станбена зграда, пришто загинаа најмалку седум лица, меѓу кои и тригодишно дете. 

Со реакција по најновите руски напади на неколку локации во Украина се јави и украинскиот претседател, Зеленски кој се заблагодари на противвоздушната одбрана и на сите кои го штитат украинскиот народ. Тој ја нарече Русија „терористичка држава“ која ќе мора да се соочи со соодветен одговор. 

„Секој ваков напад, секое вакво зло против нашата земја и народ ја носи терористичката држава Русија поблиску до казна и пропаст, а не спротивно како што мислат тие. Нема да заборавиме ниту едно злосторство и нема да дозволиме на освојувачите да избегнат одговорност“, порача украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Најновите руски напади доаѓаат по најавите за украинската контраофанзива. Подготовките за неа се влезени во завршна фаза и ќе бидат употребени новата опрема и тенкови кои ги испорачаа западните сојузници на Украина.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вештачката интелигенција нè затупува – студија на Технолошкиот институт во Масачусетс

Дејан Дејан

Идната недела третата рунда директни руско-украински разговори

Дејан Дејан

Врховен да пресуди кој ќе го оценува обвинението за пожарот во дискотеката Пулс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе