Вести Свет Топ вести

Во последните 24 часа се регистрирани 13 напади на Бахмут

Најмалку шест луѓе загинаа во денешниот руски ракетен напад на Украина, во кој првпат по 51 ден беше гаѓан и Киев.

Нападот следува додека украинските сили се подготвуваат за пролетна противофанзива со помош на добиените нови модерни оружја од западот.

Руските сили вчера се обидоа да ги пресечат важните рути за снабдување на источниот украински град Бахмут, вршејќи поголем притисок врз одбранбените сили, соопштија украинските власти.

Портпаролот на украинската армија Серхиј Черевати изјави дека во последните 24 часа се регистрирани 13 напади на Бахмут.

– Главната цел на непријателот во секторот Бахмут е да ги пресече комуникациските патишта. Но, благодарение на постојаната противбатериска борба можеме да доставиме залихи и да ги евакуираме нашите ранети, рече Черевати.

Десет месеци руските единици се обидуваат да го освојат разурнатиот Бахмут, град кој некогаш имал околу 70 илјади жители и кој го гледаат како „отскочна даска“ за напади врз други градови, додека Киев се обврза на негова одбрана.

Руското Министерство за одбрана соопшти за успеси против украинските сили во различни сектори, но не го спомна директно Бахмут.

Извештаите не се потврдени од независни извори.

Украинскиот воен аналитичар Олександр Мусијенко рече дека во жестоките борби, областите брзо преминуваат од „рака во рака“.

– Украина успешно изведува локални контранапади, што им отежнува на Русите да го заземат Бахмут, изјави Мусијенко за украинското радио НВ.

Евгениј Пригожин, водачот на руската платеничка група Вагнер, која дејствува заедно со руската армија во областа Бахмут, претходно изјави дека се шегувал кога рекол дека неговите сили ќе го прекинат огнот за да им дозволат на украинските сили да им го покажат градот на американските новинари. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест на пелагониските сточари за лошата состојба во земјоделството

Дејан Дејан

На 58 повредени во пожарот во Кочани веќе им е дадена компресивната облека

Дејан Дејан

Граѓаните во банките најмногу се задолжиле со потрошувачки и станбени кредити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе