Вести Свет

СЗО предупредува за можна биолошка бомба во Картум – заземена лабораторијата во која се чуваат изолати од полио, сипаници и колера

И покрај договорот за примирје од 72 часа, во главниот град на Судан, има повремени пукотници. Паравојската презема контрола врз државната здравствена лабораторија во Картум. Тука се наоѓаат опасни биолошки материјали, што според СЗО е  исклучително ризично за развој на ситуацијата на терен. Вооружените лица кои ја нападнале лабораторијата, ги избркале сите медицински лица, а повремените прекини на струја би можеле да ја нарушат постапката за правилно управување со биолошките патогени, и случајно од таму можат да излезат нови вируси.

Тоа е многу, многу опасно, бидејќи во лабораторијата имаме изолати на полио, сипаници и изолати од колера. Значи постои голем биолошки ризик, изјави НИМА САИД АБИД, ПРЕТСТАВНИК НА СЗО ВО СУДАН

СЗО бара итно да се врати напојувањето со струја, во спротивно лабораторијата е потенцијална бомба за развој на вируси и бактерии.

Во меѓувреме, хаосот во Картум продолжува. Голем дел од суданците брзаат да избегаат од жестоките пукотници. Со денови чекаат да најдат автобуски билети. Сите се продадени, дури и најскапите. Милиони Суданци останаа заробени во домовите, на милост на војниците лојани на двајцата генерали.

Преку глава ни е, не можеме да ги напуштиме домовите, иако ни дозволуваат. Ќе умреме во домовите, децата излегуваат наутро да ни донесат вода, и се враќаат навечер. Не можеме ни вода да пиеме, вели НАДИА ОТМАН, ЖИТЕЛКА НА КАРТУМ

Во изминативе 10 дена, колку што траат престрелките, имаше неколку пати договори за примирје, но не се почитуваа. Главните битки се случуваат на главниот аердором, поради што евакуациите се одвиваат низ помошни аеродроми, до кои се стигнува по ризични патишта. Хуманитарната помош има сериозен застој.

Сега има акутен недостиг на храна, вода, лекови и гориво и ограничени комуникации и електрична енергија. Цените на основните артикли како и транспортот вртоглаво растат. Жителите на Судан, кои се длабоко погодени од хуманитарните потреби, гледаат во бездната, предупреди ЈЕНС ЛАЕРКЕ, КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ОН ЗА ХУМАНИТАРНИ ПРАШАЊА (OCHA)

ОН стравуваат од нов егзодус. Најмалку 20.000 бегалци од Судан пристигнале во Чад, а околу 4.000 јужносудански бегалци – кои живееле во Судан – се вратиле во нивната матична земја, но предупредуваат дека тие бројки може да се зголемат.

Странските државјани брзаат да го искористат тридневното примирје и да се вратат дома. Со затворските бегства, ширењето на насилството, шансите завојуваните страни сериозно да преговараат се мали, па така евакуиациите стануваат неизвесни, исто како и мирот.

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе