Вести Свет Топ вести

Го претепа до смрт, а беа другари од детство – млад хрватски војник им подлегна на повредите на главата

Младиот хрватски војник Јаков Бочкај (21), кој во саботата беше претепан од 20-годишник на паркинг во Пожега, почина во болница. Напаѓачот е приведен и одредена му е мерка притвор. Полициската истрага ги утврди и деталите на немилиот настан што ја потресе Хрватска.

Осомничениот во саботата, околу 02:15 часот на паркинг на плоштадот „Свето тројство“, по кратка вербална расправија, физички го нападна 21-годишникот, задавајќи му повеќе удари во пределот на главата.

„Како последица на ударите, 21-годишникот паднал на земја, а осомничениот продолжил да го удира по што побегнал од местото на злосторството. Јаков почина ден подоцна во болница“, јави „Вечерњи лист“.

Починатиот војник и напаѓачот биле пријатели од детството. Жителите на Еминовац, приградска населба, не можат да ја сокријат тагата и шокот.

„Заедно пораснаа од мали нозе. Само една година се разлика. Се дружеа, делеа и добро и лошо, не се дела“, раскажуваат мештаните.

Нападот бил снимен од безбедносните камери и, како што објави Дневник.хр, дошло до брутално шутирање. Напаѓачот потоа се оддалечил од местото, оставајќи го другарот да лежи на земја. Дел од хрватските медиуми јавуваат дека полицијата го лоцирала недалеку од местото на злостворството, се однесувал како ништо да не знае и дека се понудил да помогне.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе