Вести Свет Топ вести

Украина го дочека Велигден без примирје – Христовото воскресение со борби на фронтот, гранатирања и полициски час

Со полни кошници со традиционален колач и офарбани јајца, но и запалени свеќи со желби за мир и здравје, Украинците втора година по ред го дочекаа Велигден во тешки услови и без примирје. Велидгенски литургии се одржуваат во голем број на градови низ земјата, со зголемени мерки на безбедност и вообичаениот полициски час од полноќ до 5 часот наутро.

Оние кои не успеаја да присуствуваат на синоќешната централна богослужба, уште рано утрово застанаа во ред пред црквата „Свети Михаил“ во Киев да добијат благослов.

И покрај Велигден, продолжуваат борбите во Украина и за време на големиот православен празник. Украинските власти информираат за нови руски напади на југот на земјата и гранатирање на Миколаев во кое загинаа двајца тинејџери.

Според првиот човек на воената управа на Запорожје, дошло до „масовни напади“ на руската војска. Притоа била оштетена и црква, поради што била откажана и велигденската богослужба.

Православниот Велигден донесе и „голема размена на заробеници“. Вкупно 130 војници се ослободени од руските сили и вратени дома, потврди висок службеник од канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Со велигденска честитка се јави и самиот Зеленски кој ги охрабри своите сонародници да продолжат да веруваат во победа над Русија. Тој додаде оти пред една година Украина се молела воопшто да преживее, а денеска се моли да победи.

Велигден, сепак, не беше доволна причина за примирје на фронтот во Украина. Вагнер групата соопшти дека освоила уште две населби во Бахмут и според нејзиниот лидер, Украинците контролираат уште само 20 отсто од градот.

Велигден се одбележува и во Русија. Централната церемонија се одржа во соборната црква „Христос спасителот“. Литургијата ја водеше рускиот патријарх Кирил, кој е поддржувач на инвазијата на Украина, а на верниците им се придружи и рускиот претседател Владимир Путин.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе