Вести Свет Топ вести

Детство меѓу урнатините на фронтот во Украина

Богојавленка е село што се наоѓа на 20-тина километри од линијата на фронтот во регионот на Доњецк. Меѓу малкуте жители кои останаа на своите огништа, и покрај жестоките борби, е и 10-годишната Кристина. Живее со својата мајка и баба и веќе е навикната на разорните глетки и деноноќните звуци на експлозии.

„Многу експлозии има, најчесто, навечер и рано наутро“, вели 10-годишната Кристина.

Кристина ги минува деновите во дворот и целото свое време го посветува на своите мачиња. Со слушалки во ушите за да не ги слуша експлозиите, таа ги проучува и се запознава со навиките на крзнените миленичиња, како еден вид на подготовка за иднината во која се гледа како ветеринар.

Со паѓањето на мрак, семејството се повлекува во подрумот, каде ја минува ноќта. И така секој ден. Нејзината мајка Јулија вели дека тие нема да заминат од Богојавленка. Ниту сакаат, ниту имаат каде да одат, ниту, пак, имаат пари, иако изразува загриженост за потенцијалната контраофанзива во најава.

„Сите се загрижени поради тоа (потенцијална контраофанзива). Кој знае, се може да се случи. Павловка сега е под тие (украинските сили), потоа под тие (руските сили). Веројатно не остана ништо. Што да однесете во Вуледар? Таму е исто. А, сепак, има луѓе кои седат наоколу и живеат. Таму носат хуманитарна помош“, рече Јулија, мајката на Кристина.

Нивниот втор дом бил уништен во текот на минатото лето поради постојаното гранатирање. Останале и без татко и сопруг кој добил потрес на мозокот и по кратко време починал поради влошување на состојбата. И покрај многуте трауми што ги доживеале во изминатата година, цврсто се решени да останат во Богојавленка, иако во селото повеќе нема продавница, амбуланта и училиште, но ниту луѓе, иако пред почетокот на војната ги имаше околу 1.000 во селото.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Херцог: Американскиот напад врз иранската нуклеарна програма е храбра и историска одлука

Дејан Дејан

МААЕ ќе одржи итен состанок по американското бомбардирање на иранските нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Експертите очекуваат нов раст на цената на нафтата по ексалацијата на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе