Вести Свет Топ вести

Сакале да го уапсат додека спиел во украден автомобил – полицаец седнал на задното седиште и пукал во грб на тинејџер

Американското министерство за правда отпочна истрага за смртта на тинејџерот од Вашингтон кој беше застрелан од полицаец кој седна зад него во автомобил и му пукаше во грб.

Даланео Мартин (17) на 18 март спиеше во украден автомобил, кога го затекнале полијаци кои отвориле врата во обид да го уапсат. На снимката од камерите кои се наошале на униформите на полициските службеници се гледа како се прикрадуваат и влегуваат во автомобилот, со намера да го приведат престапникот. Осомничениот во еден момент се буди и веднаш се обиде да избега, иако полицаец веќе беше на задното седиште.

Полицаецот му наредил на тинејџерот да го запре автомобилот, а потоа го застрелал во грб.

„Стани. Стани или ќе пукам“, му извикал полицаецот на 17-годишното момче, а неколку секунди потоа истрелал повеќе куршуми од огнено оружје, пишува „Би-Би-Си“.

Неколку секунди подоцна на снимката се гледа како придвижениот автомобил удира во куќа, а полијајците на тревникот му даваат медицинска помош на момчето. Тие велат дека во автомобилот имало и пиштол.

Министерството за правда сооошти дека станува збор за „трагичен и вознемирувачки случај“ и изрази сочувство до семејството и пријателите на 17-годишниот Мартин. Претседателот на американскиот синдикат Парк Полис, пак, ја бранеше постапката на полицајците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се приклучи на израелската војна против Иран – нападнати трите клучни нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе