Вести Свет Топ вести

Парижани гласаа против самоуслужните тротинети за изнајмување – велат ги оставаат каде ќе стигнат

Жителите на Париз се спротивставија на јавните самоуслужни е-тротинети за изнајмување, со, речиси, 90 отсто гласови „против“ на консултативниот референдум што се одржа вчера. Гласањето, на кое му претходеше дебата за местото на електричните превозни средства на тротоари и улици, го одбележа многу ниско учество од помалку од осум отсто на регистрираните гласачи на француската престолнина, изјавија за АП од кабинетот на градоначалничката на Париз, Ан Идалго.

Иако референдум не беше законски обврзувачки, туку само консултативен, социјалистичката градоначалничка вети дека ќе го „почитува резултатот од гласањето“, без оглед каков ќе биде. И самата Идалго водеше кампања за гласање „против“.

Париз, на тој начин, ќе биде единствен главен град во Европа кој ќе забрани тротинети за изнајмување по 31 август, кога истекуваат договорите со трите приватни оператори – Лиме, Тиер и Дот.

Критичарите на тротинети имаат забелешки за корисниците дека ги оставаат каде ќе стигнат, потоа за возење со полна брзина меѓу пешаци и што еколошки не се корисни, бидејќи сосема пропаѓаат по неколку месеци изнајмување. За околината, според нив, не е исправна ниту нивното производство, како и производството на струја која ги придвижува.

Приврзаниците на е-тротинетите истакнуваат дека тие се „благ“ начин на јавен превоз, како и самоуслужните велосипеди, што е особено корисен во периодот на постојани штрајкови во јавниот превоз во Париз. Во Барселона и Монтреал, на пример, самоуслужните тротинети се целосно забранети, а Лисабон најави дека наскоро двојно ќе го намали нивниот број.

Е-тротинетите, било самоуслужни или приватни, учествувале во 408 сообраќајни несреќи во Париз во 2022 година во кои загинаа три лица, а 459 биле повредени, наведуваат властите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе