Вести Свет Топ вести

Папата Франциск хоспитализиран поради респираторна инфекција

Папата Франциск е хоспитализиран во болница во Рим, а неговите активности се откажани до петок. Од Ватикан соопштија дека станува збор за претходно закажани тестирања, но од таму не дадоа повеќе детали за неговата здравствена состојба.

Осумдесет и шестгодишниот папа, како што се наведува во соопштението, имал тешкотии со дишењето изминатите денови, но не станува збор за зараза со ковид.

Одложувањето на неговите состаноци предизвика низа прашања за неговото учество за време на активностите на Светата недела на Ватикан, кои почнуваат со прослави за празникот Цветници, со што ќе се означи почетокот на празнувањата на Велики четврток, Велики петок, Велигденското бдение и конечно Велигденска недела на 9 април.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По два ипол месеци Петар Богојески ја напушта директорската позиција од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Дејан Дејан

Четири македонски банки се впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања

Дејан Дејан

Зеленски пристигна во Холандија пред самитот на НАТО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе