Британскиот принц Хари денеска пристигна во Вишиот суд во Лондон на вториот ден од прелиминарното сослушување во тужбата против издавачот на „Дејли мејл“ по, наводно, години на прислушкување на телефонот и кршење на приватноста.
Хари, кој е помлад син на кралот Чарлс Трети, поднесе тужба против „Асошиејтед њузпејперс“ (АНЛ), заедно со уште шест други весници, тврдејќи дека е жртва на „бројни незаконски работи“ на новинари или приватни истражувачи кои работат во име на АНЛ, „Дејли мејл“ и „Мејл он сандеј“.
Кон тужбата се придружија и пејачот Елтон Џон, неговиот сопруг и режисер, Дејвид Фурниш и актерките Елизабет Харли и Сејди Фрост.
Од АНЛ, кои бараат отфрлање на случајот, испратија соопштение во кое категорички се отфрлаат обвинувањата и оти енергично ќе се бранат, доколку биде потребно.