Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис распиша парламентарни избори на 21 мај. Мицотакис беше поттикнат на таков потег по падот на популарноста на неговата партија, како резултат на јавното незадоволство по железничката несреќа во која загинаа 57 лица.
Неговата партија „Нова демократија“ ја плати политичката цена на гневот на Грците, па последните анкети покажуваат дека таа води само 4 проценти пред СИРИЗА.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.