Вести Свет Топ вести

(Видео) Протести во Франција поради пензиската реформа – запалено градското Собрание во Бордо

Големите протести во Франција поради донесената пензиска реформа во земјата резултираа со палење на градското Собрание во Бордо.

„Повеќе од милион луѓе во Франција се судрија со полицијата која користеше солзавец за растерување на демонстрантите. Запалени предмети и инциденти има и во Париз. Наредниот вторник е најавена посета на британскиот крал Чарлс III на Франциј, а синдикатите допрва повикуваат на нови протести“, објави „Би-Би-Си“.

Агенцијата „Ројтерс“ јавува дека маскирани демонстранти во Париз кршеле излози, демолирале јавен имот и нападнале ресторан на „МекДоналдс“.

„Се противам на оваа реформа и навистина се противам на фактот дека демократијата веќе не значи ништо“, изјави демонстрант за „Ројтерс“.

„Токму со протести ќе можеме да се огласиме, бидејќи на сите други начини не ни дозволија да ја повлечеме оваа реформа“, рече друг демонстрант за агенцијата АФП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Муртезани: Мора да се разделат позициите на Бугарија од останатите земји членки на ЕУ

Дејан Дејан

„Манивал“: Македонија постигна напредок во борбата против перење пари

Дејан Дејан

Косово: Забранат увоз на овци и кози од Македонија поради болеста син јазик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе