Вести Свет Топ вести

Медведев: Се приближуваме до нуклеарна апокалипса

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик претседател на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека опасноста од нуклеарен конфликт е зголемена. Тој тврди дека светот се приближува до „нуклеарна апокалипса“ поради испраќањето оружје во Украина. Медведев ги даде овие забелешки како дел од интервјуто што го даде за главните руски медиуми, вклучително и државната новинска агенција Риа Новости.

„Помина ли заканата од нуклеарен конфликт? Не, не помина. Се зголеми. Секој ден кога се доставува странско оружје во Украина, се поблиску сме до нуклеарна апокалипса… Имам чувство дека до одредено точка тие не веруваа и не ја видоа решеноста на Русија, нејзиниот претседател или врховен командант, да го направи она што го направивме ние“, рече Медведев, пренесува „Украинска правда“.

„И тие погрешно пресметаа. Последиците се многу покомплицирани отколку што можеа да бидат ако го потпишаа документот со нас во декември“, додаде тој. Медведев веројатно мислеше на договорот за „непроширување на НАТО“ и „поместување“ на границите на Алијансата до состојбата од 1997 година, што Русија го предложи во декември 2021 година, односно два месеци пред почетокот на инвазијата.

 

Последен пат прашањето за руската нуклеарна закана беше покренато во февруари, по одлуката на Москва да се повлече од Договорот за намалување на стратешкото оружје. Рускиот претседател Владимир Путин неодамна го критикуваше планот на Обединетото Кралство за испорака на гранати со осиромашен ураниум на Украина, тврдејќи дека тоа се оружје со „нуклеарна компонента“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата и синдикатите со спротивставени ставови околу потрошувачка кошничка

Дејан Дејан

Пет отсто од БДП за одбрана е голем предизвик

Дејан Дејан

Обвинение за таткото кој ја тепаше својата 4-годишната ќерка – се бара и продолжување на притворот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе