Вести Свет

Русите го нападнаа Киев, Украинците одговорија со напад на Крим

Украина извршила контранапад со дронови врз бродови на Црноморската флота, како одговор на рускиот напад ноќеска на Киев. Руската морнарица објави дека го одбила нападот врз пристаништето во Севастопол, а делувала и руската противвоздушна одбрана. Гувернерот на Крим го потврди нападот, пришто информира дека нема оштетувања на воените бродови, ниту, пак, има повредени.

Украинските власти сè уште не презедоа одговорност за експлозиите што утрово го потресоа Крим и кои наводно уништиле повеќе руски крстаречки ракети. Денешниот напад на Крим не е прв од украинските сили кои периодично користат дронови за напад на Севастопол, но и други објекти на Крим.

Руските сили ноќеска го нападнаа Киев со дронови и проектили. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски загинале најмалку четири лица во нападот на цивилна инфраструктура во главниот град.

„Повеќе од 20 убиствени ирански дронови, плус проектили и бројни гранати, само во една ноќ на рускиот терор против Украина. Секој пат кога некој ќе се обиде да го слушне зборот „мир“ во Москва, од таму се издава нова наредба за вакви криминални напади“, напиша Зеленски на Твитер.

Според украински воени лица, во рускиот напад на Киев се урнати 16 од 21 дрон.

Последните напади на Киев и Крим се случија по неколку часа од тридневната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва и разговорите со неговиот руски колега Владимир Путин. Двајцата лидери разговараа за продлабочување на меѓусебната соработка, но, како што пренесуваат медиумите, и за кинескиот мировен план со 12 точки, што за Путин е прифатлив како основа за возобновување на преговорите меѓу Москва и Киев за крај на војната во Украина.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе