Вести Свет

Најмалку 16 жртви во разорниот земјотрес што ги погоди југот на Еквадор и северот на Перу

Ден по разорниот земјотрес со магнитуда 6, 8 степени по Рихтеровата скала, што ги зафати јужниот брег на Еквадот и северот на Перу, официјални лица јавуваат за најмалку 16 жртви за сега. Околу 400 се повредени, пријавени се пукнатини на 126 објекти, а оштетени се десетици домови, училишта и здравствени центри. Во Перу е наредено да се затворат три тунели каде поминуваат возила. Според перуанскиот премиер Алберто Отарола, меѓу загинатите е и едно четиригодишно девојче од регионот Тумбес, кое било погодено во главата при уривање на нејзината куќа. Жители на малото еквадорско крајбрежно гратче Пуерто Боливар, жалат за починатите соседи, за настанатата материјална штета и молат за помош.

– За жал соседната куќа падна, а семејството беше згмечено во поплавената куќа.Соседот загуби 5 члена на семејството. Ние сме сиромашни, скромни луѓе. Ги градиме куќите со нашата пот. Ги имаме благодарение на Бога. Погледнете ја несреќата што ни се случи . Браќа, ве молиме помогнете ни како луѓе, да им помогнеме на луѓето кои ја претрпеа оваа несреќа, раскажува Еулогио Замбрано- сосед на починати во земјотресот.

А, роднини на загинати од провинцијата Ел Оро се собраа во мртовечницата во Мачала и кажаа како соседите си помагале за извлекување на усмртените тела од под урнатините.

– Луѓето ни помагаа за да ги спасиме телата зашто не дојде ниту пожарникарската служба, ниту итната помош. Затоа тие ги спасија телата и ги донесоа во мртовечницата, вели Хуан Хозе Вера- роднина на починато лице во земјотресот.

Најпогоден регион во Перу, е Тумбес. Таму граѓаните беа зафатени од земјотресот додека уживаа во вчерашниот викенд- шопинг. Погодениот регион го посети перуанскиот премиер Отарола.

–  Дојдовме во Тумбес за да се сретнеме со гувернерот , да направиме евалуација  и да се ставиме на располагање. Да го активираме националниот и регионалниот систем за цивилна одбрана и да ги видиме штетите и последиците. Многу ни е жал за ова што се случи. Знаеме дека тоа се случи и во Еквадор, изјави Алберто Отарола- премиер на Перу.

Но, ефектите од земјотресот не се секаде исти. За тоа сведочи началникот на пожарникарската служба во Тумбес.

– Му благодариме на Бога, нема човечки жртви, нема загинати или повредени. Само структурите на две згради беа оштетени, рече Хавиер Валдивиесо- началник на пожарникарската служба во Тумбес.

Според Геолошкиот институт на САД, епицентарот на вчерашниот земјотрес бил на околу 80 километри јужно од Гвајакил- вториот по големина град во Еквадор.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се почесто семејното насилство

Дејан Дејан

Eкоактивисти од Гевгелија против изградба на две мали хидроцентрали на реката Дошница во подножјето на Кожуф

Дејан Дејан

(Видео)Свадбата на Безос и Санчез во сенка на протестите во Венеција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе