Лидерите на САД, на Австралија и на Велика Британија ги открија деталите за планот за обезбедување на Австралија со подморници на нуклеарен погон, што е голем чекор за спротивставување на амбициите на Кина во Индо-Пацификот.
Во заедничка изјава, американскиот претседател Џо Бајден, австралискиот премиер Ентони Албанес и британскиот премиер Риши Сунак ги поддржаа плановите за т.н. проект АУКУС, првпат објавен во 2021 година.
Според договорот, САД имаат намера да ѝ продадат на Австралија три американски подморници од класа „Вирџинија“ на нуклеарен погон, со опција да купат уште две доколку е потребно.