Вести Свет

Русија и ОН започнаа разговари во Женева за продолжување на рокот на договорот за жито

Високи претставници на Русија и на Обединетите нации денеска во Женева почнаа разговори за продолжување на рокот на договорот за извоз на жито од Украина, кој истекува на 18 март.

Разговорите се одржуваат во европското седиште на светската организација.

Руската делегација ја предводи заменик министерот за надворешни работи Сергеј Вершинин, а разговорите во име на Светската организација ги води заменик-генералниот секретар на ОН, Мартин Грифитс.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров минатата недела ги опиша преговорите за продолжување на рокот на договорот за жито како комплицирани.

Договорот, склучен во Истанбул под покровителство на Обединетите нации, овозможи извоз на украинско жито, кое е од клучно значење за безбедноста на храната во светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стотици илјади луѓе учествуваа во Парадата на Гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Владата ќе стимулира млади брачни парови да се станат градинари и фармери, но земјоделците не гледаат перспектива во аграрот

Дејан Дејан

Американската амбасада ги предупреди своите државјани да избегнуваат подрачја во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе