Вести Свет

Ердоган закажа претседателски и парламентарни избори во Турција на 14 мај

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша Одлука за распишување на претседателски и парламентарни избори во земјата на 14 мај.

„Со овластувањата што ми ги дава членот 116 од нашиот Устав, потпишав Одлука за одржување на избори на 14 мај кои требаше да се одржат на 18 јуни оваа година“, рече Ердоган.

Покрај претседател, граѓаните на Турција на 14 мај ќе бираат и 600 пратеници во Големото народно Собрание.

Сојузот на турската опозиција, кој опфаќа шест партии, го именуваше Кемал Киричдаоглу за противкандидат на Ердоган на претстојните избори. Ако победи, тој најави враќање на демократијата во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 30.6.2025

Дејан Дејан

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе