Вести Свет

„Први се пробиваат припадниците на Вагнер, ги фрлаат како топовско месо, а потоа на сцена стапуваат Русите“ – сведоштво на украински војник

Украински војник, стациониран во село во близина на Бахмут, ја опиша руската тактика што се користела за напад на тој град. „Ги фрлаат како топовско месо“.

48-годишниот Дмитро Ватагин, за Вашингтон Пост раскажува дека членовите на платеничката група „Вагнер“ се првите што тргнуваат во војна, и во зори.

„ Се обидуваат да напаѓаат во неправилни и непредвидливи шеми, навидум без јасна стратегија, правејќи ги да изгледаат неподготвени за битка. Дури подоцна во текот на денот подобро обучените руски сили влегуваат во битката, обидувајќи се да направат вистински пробив, рече тој, додавајќи: „Тие се фрлаат во борбата како топовско месо“.

Тој вели дека овие напади доаѓаат во бранови и дека многу борци гинат во нив.

„Полесно е да се бориш со руската армија бидејќи можеш да разбереш што ќе прават и како да се борат против нив“, објасни Ватагин.

Но, и покрај големите загуби од двете страни и поплаките на украинските војници дека се борат во очајни и неодржливи услови, канцеларијата на украинскиот претседател издаде соопштение во кое се вели дека Валери Залужни, врховен воен командант на Украина и Олександр Сирскиј, командант на копното силите, кои ги насочуваат операциите на исток, го поддржаа зајакнувањето и продолжувањето на одбраната на градот.

Но, врз основа на сведочењата на војниците околу Бахмут и во самиот град, ситуацијата е се потешка.

Борбите се толку интензивни што Ватагин вели дека тој и неговите другари повремено пребарувале куќи во обид да најдат руски сили, а потоа со нив се судирале гради в гради, за на крај да заробат неколку непријателски борци. „Се случува и да се тепаме со боксови. Секој има своја приказна за борбата“, вели Ватагин.

Единицата на Ватагин е задолжена за следење на патот што го поврзува Иванивске со Бахмут. Тој пат сè уште е изложен на руски артилериски напади, но е клучна рута за снабдување. Во последните два дена, рече Ватагин, изгубиле осум извидувачки беспилотни летала, а двајца нивни војници биле ранети.

„Наредено ни е да го задржиме патот до Бахмут за да се погрижиме нашите момци да добијат сè што им треба. И ние ќе го задржиме додека не ни кажат поинаку“, објасни Ватагин за Вашингтон пост.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка

Дејан Дејан

Одложено судењето на Нетанјаху поради дипломатски и безбедносни причини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе