Вести Култура

„Книжевноста како браник на слободата“ – трибина на Институтот за македонска литература и британската амбасада

Во организација на Институтот за македонска литература и Британската амбасада се одржа трибина на тема „Книжевноста како браник на слободата“, како дел од проектот „Книжевни рефлексии – платформа за креативен дијалог и критичко размислување“ со фокус на култни британски автори меѓу кои  Џорџ Орвел, Олдос Хаксли, Салман Ружди, Оскар Вајлд, Марк Хадон и Дејвид Херберт Лоренс. Низ нивните дела се загатнуваат важни општествени прашања слобода на говор, цензурирана книжевност, гласот на маргинализираните, родова еднаквост.

Литературата ја има моќта да го пренесе внатрешниот дијалог на луѓето, да ги прикаже промените во општеството преку она што се одвива во душата на еден човек, забележа британскиот амбасадор Метју Лосон.

Мислам дека во британски контекст книгата која најчесто се поврзува со цензура е „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел. Во исто време интересно е да се спореди зошто „Животинска фарма“  и зошто „Љубовникот на Леди Четерли“ од Дејвид Херберт Лоренс биле забранети и во каков контекст. Причината зошто беше забранета „Љубовникот на Леди Четерли“ беше намерата на писателот да даде уметнички израз на најинстиктивните  карактеристики на човековата природа, додека големиот успех на „Животинска фарма“ е тоа што го отвора прашањето за моќта и како таа влијае на меѓучовечките односи, како се користи за манипулација, за пропаганда, во крајна линија и за контрола, рече амбасадорот Лосон.

Директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Наташа Аврамовска посочи дека тоа што денеска го читаме и за што дебатираме зависи од актуелниот комуникациски миг.

Читањето се менува, зависно од парадигмите. Ние денес живееме во тој период на интерпретациски пресврт после 80 те кога политичкото, етичкото и естетското … ние така и читаме. Нашето денешно читање и нашиот денешен разговор е одреден од актуелниот комуникациски миг што го живееме и апсолутно не можеме да побегнеме од тоа, рече проф. д-р Аврамовска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фирмата заради која Богоев заврши во притвор и годинава добила тендер од Царинската управа вреден 420 илјади евра

Igor Trajkov

Над 250 милиони евра должи ЕСМ на домашни и странски банки

Дејан Дејан

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно – Временска прогноза за 8.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе