Вести Свет Топ вести

Чешкиот претседател во интервју за украинска ТВ – треба да бидете подготвени и на територијални отстапки

Новиот претседател на Чешка, Петр Павел во интервју за украинската ТВ Суспилне порача дека „Украина треба да биде подготвена и за најлошото сценарио, па и за територијални отстапки“.

„Лесно е на другите да им кажат на Украинците да се борат до последна капка крв, но тоа е ваша, а не наша крв“, рече Павел.

Павел, кој е поранешен НАТО генерал, истакна дека големо мнозинство на западните лидери се прилично оптимистични по прашањето за украинските изгледи во војната со Русија. Но, предупреди дека треба да се биде подготвен и за најлошото сценарио.

„Донекаде ме изненади отпорот што Украинците го пружија на агресорот. Прво да ви кажам, мене воопшто не ми беше на памет дека Русија би можела да нападне, бидејќи сите анализи упатуваа дека тоа не би бил нејзин национален интерес. Од тој аспект, тоа е најлошата можна одлука на рускиот претседател Владимир Путин, но очигледно тој мислел поинаку. Веројатно очекувал дека украинската страна нема да биде така силна и одлучна и оти Западорт нема да се обедини во својот одговор. Сигурно мислел дека руската војска е најдобра и најдобро опремена на светот“, кажа шефот на чешката држава.

Прашан дали Запад навистина ќе дава поддршка на Украина колку и да биде потребно, иако војната би можела да потрае долго време, Павел одговори оти „треба да се надеваме на најдоброто, но и да бидеме подготвени за најлошото“.

„Тоа не значи дека треба да даваме приоритет на црните сцеранија, но треба да признаеме дека војната можеби нема да заврши оваа година, дека може да се претвори во замрзнат конфликт или во некој поинаков тип на судир на различни нивоа. Треба да бидеме подготвени и за тоа“, посочи Павел.

Потоа се осврна и на мировниот план на претседателот Зеленски кој предвидува враќање на сите окупирани територии, вклучувајќи го и полуостровот Крим, целосно повлекување на руските сили и целосно плаќање на воени репарации.

„Претседателот Зеленски нема друг избор. Можете ли да замислите некој лидер на држава на која се врши агресија кој би рекол „во ред, одиме да прифатиме губење на територии“. Природно е претседателот Зеленски да си поставил за цел ослободување на сите територии. Тоа е потполно нормално“, одговори Павел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе