Вести Свет Топ вести

(Видео) Зеленски: Овде живеам од 24 февруари лани

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред новинарите го покажа своето привремено сместување во кое, како што вели, живее од почетокот на војната, објави агенцијата ДПА.

„Овде живеам“, рече Зеленски во филмот на новинарот Дмитри Комаров кој беше емитуван на украинската телевизија „1+1“.

Украинскиот претседател кажа дека таму е од 24 февруари во 2022 година, кога почна руската инвазија на неговата земја.

Извадок од филмот објави Антон Герашченко, советник на Зеленски, за внатрешнополитички прашања.

Прозорците од импровизираното сместување на Зеленски се орекриени со дебели завеси. На креветот за едно лице има перници и прекривка со цветови, а во собата може да се забележат телевизор и работна маса.

Зеленски во филмот го покажува и својот шкаф со гардероба во кој висат маслинесто зелени и маскирни јакни, а на подот има и војнички чизми.

„Ова е мојата „редовна гардероба“. Моментно не носам костуми“, вели Зеленски.

Но, во еден момент од левата страна на шкафот, украинскиот претседател извлекува костум и вели:„Ова е симбол дека војната наскоро ќе заврши. Ние ќе победиме“, порача Зеленски низ насмевка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Данска го презеде шестмесечното ротирачко претседателство со Советот на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе