Поранешниот руски премиер Дмитриј Медведев порача дека фабриките за производство на оружје работат деноноќно за да ја задоволат експоненцијалниот раст на побарувачката. Притоа се насмевна на гласиштата дека „пресушиле“ залихите на руските сили.
Заменик претседателот на рускиот национален Совет за безбедност, во интервју за месечникот „Нешнл Дифенс“ (National Defense) рече дека Москва го зголемила производството во некои фабрики за 10 пати и оти темелно се проучува и оружјето што Украина го истрелува кон териториите под руска контрола.
„Нашиот воено-индустриски комплекс е во состојба да произведе се што е потребно за одбивање на секаква агресија. Никаква голема пратка на оружје од Западот не може да осигура предност за нашите непријатели на бојното поле. Смешно ми е да ги слушам сонувачите од Киев кои говорат дека сме снемале проектили или дека сме го запреле производството. Стварноста ги разубеди, тие сè уште не можат да се соземат од шокот“, рече Медведев.
Тој нагласи дека добро е проучено оружјето на непријателот и оти руските инженери работат во три смени, 24 часа дневно.
„Не само што го проширивме производството, туку воведуваме и нови технологии. Многу добро го проучивме оружјето на непријателот. Во нашите погони демонтиравме воени трофеи до последна штраф и извлековме многу корисни работи за нас. Искуството на непријателот го трансформиравме во наша предност“, изјави Медведев.