Вести Свет Топ вести

Турција поведе истрага против 612 лица за уривање на зградите во земјотресите – 184 ќе останат во притвор до почеток на судењето

Турција поведе истрага против повеќе од 600 лица поради уривање на објекти во катастрофалните земјотреси на 6 февруари, изјави турскиот министер за правда, Бекир Боздаг.

Тој додаде дека 184 лица од вкупно 612 осомничени ќе бидат задржани во притвор до почетокот на судскиот процес.

Како што пренесува „Асошиејтед прес“, меѓу уапсените се градежни изведувачи и сопственици или менаџери на зградите.

„Откривањето на докази во зградите продолжува, како основа за кривична истрага“, порача Боздаг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе