Вести Свет Топ вести

Кина со документ со 12 точки за политичко решение на украинската криза – обновете го дијалогот оти во војните нема победници

Кина ги повика Русија и Украина да продолжат со дијалогот, во документот од 12 точки насловен како „Став на Кина за политичко решавање на украинската криза“. Документот го објави кинеското министерство за надворешни работи на 24 февруари, на годишнината од почетокот на руско-украинската војна, а една од нив се однесува и на обновата на поствоена украина.

Официјален Пекинг повикува на прекин на огнот и порачува дека во конфликтите и војните нема победници, но и на обнова на мировните преговори, решавање на хуманитарната криза и заштита на цивилите и заробениците. Во документот, меѓу другото, се укажува на потребата од почитување на суверенитетот на сите земји и неопходноста од стриктно почитување на меѓународното право.

Кина ги повика страните да ја почитуваат Конвенцијата за нуклеарна безбедност и истакнува дека не смее да се употреби нуклеарно оружје, ниту да почне нуклеарна војна. Пекинг, исто така, предлага суспензија на едностраните санкции, без овластување на Советот на безбедност на Обединетите Нации.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова рече дека Русија е отворена за остварување на целите на специјалната операција преку политички и дипломатски средства. Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека планира да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг за да разговара за предлозите на Пекинг за ставање крај на војната во Украина, но за сега нема одговор од Кина. Советникот на Зеленски, пак, Михаил Подољак го нарече планот на Кина нереален.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе