Вести Свет Топ вести

Снежна бура го зафати западниот дел од САД со температири од 45 степени под нулата – на источниот дел летни темепратури од 29 степени

Зимско невреме ги погоди САД, поради што фирмите и училиштата се затворени низ Дакота, Минесота и Висконсин. Речиси 5 000 американски летови се откажани денеска.

Метеоролозите предвидуваат силни налети на ветер чија брзина ќе достигне 80 km/h, додека поради студениот ветер во некои делови на САД температурите би можеле да паднат и до -45 Целзиусови степени.

Во северните држави, прогнозите за половина метар снег во некои делови може да значат дека областите ќе ги издржат најобилните снежни врнежи во последните 30 години. Гувернерот на Минесота Тим Волц, рече дека Националната гарда ќе биде на располагање да им помогне на возачите заглавени во снежната бура.

„Ова е потсетник да останете дома и да го ограничите патувањето ако е можно“,

предупреди утрово Одделот за транспорт на Јута.

Метеоролозите рекоа дека бурата може да создаде леден појас долг 1 200 милји (2 092 километри), од Небраска до Њу Хемпшир.

Во Лос Анџелес, Калифорнија, каде што е нормално сончево и топло, ќе врне снег, а во планините и во подножјето на Вентура ќе дува силен ветер.

Додека околу 75 милиони луѓе во 29 држави се под предупредување за зимско време, се предвидува дека делови од источниот дел на САД ќе доживеат рекордно високи температури.

За разлика од западниот дел на земјата, во делови од источниот дел на САД ќе има високи температури. Температурите во Орландо, Флорида би можеле да достигнат 32 Целзиусови степени, а во Луизијана, Њу Орлеанс до 29 степени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе