Марина Јанкина (58), службеничка во руското Министерство за одбрана, мистериозно почина по пад од прозорец на повеќекатница во Санкт Петербург. Таа беше шефица за финансии и набавки во секторот на министерството, задолжена за западниот воен дистрикт. Нејзино тело било пронајдено вчера под прозорецот на станот во кој живеела.
Полицијата, пак, објави дека нејзините документи и други лични работи биле пронајдени на заедничката тераса на 16-от кат на зградата. Руските истражители тврдат дека станува збор за самоубиство.
Веста за нејзината смрт е објавена по само неколку дена од смртта на генералот Владимир Макаров, кој беше пронајден недалеку од Москва. Тој неодамна беше сменет од рускиот претседател Владимир Путин. Руските власти и за неговиот случај тврдат дека е самоубиство.
Столтенберг: На 23 февруари лани отидов во кревет, со знаење дека за неколку часа почнува масакр